Главниот хашки обвинител оцени

Брамерц: Трибуналот не постигна помирување во поранешна Југославија (ВИДЕО)

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц кажа денес пред Советот за безбедност на ОН дека е „тешко да не се сложи“ со оние кои тврдат дека Трибуналот, кој престанува со работа на крајот на оваа година „не постигнал помирување во поранешна Југославија“.

„Како што видовме во изминатите две недели, злосторниците оставија рани кои сѐ уште не се заздравени. Осудените воени злосторници многумина и понатаму ги гледаат како хеори, додека жртвите и преживеаните се игнорирани и отфрлани. Мачните факти и понатаму отворено се негираат или се отфрлаат со укажување на злосторствата на другите“, кажа Брамерц во својот последен извештај пред Советот за безбедност на ОН.

Поставувајќи го прашањето „зошто помирувањето останува значителен предизвик и денес“, главниот обвинител кажа дека „реалноста е дека и понатаму не постои вистинска волја во регионот да се прифатат огромните злодела од минатото и да се тргне напред“, додавајќи: „За жал, најмногу меѓу политичките лидери“.

Брамерц оцени дека „премногу луѓе ги слуѓаат воените злосторници кои се кријат зад тврдењата за колективна одговорност“.

„Наспроти тоа, ние секогаш инсистиравме на принципот на индивидуална кривична одговорност. Факт е дека злосторствата не ги извршиле нации, ни народи, туку поединци и, главно, високи политички и воени лидери. Ќе бидам кристално јасен: Ниедна заедница не ја носи одговорноста за она што го направиле тие луѓе. Нивната вина е нивна и само нивна“, кажа Брамерц.

Тој истакна и дека „останува уште многу да се направи“ бидејќи „многу жртви сѐ уште чекаат правда“.

„На земјите од регионот им е потребна поддршка, како и до сега. Тие нема да бидат во состојба да ги остварат правдата и помирувањето сами“, кажа Брамерц.

Главниот обвинител кажа и дека Хашкиот трибунал „остава богато и сложено наследство“ бидејќи „многу жртви и преживеани во извесна мера видоа задоволување на правдата за огромните зла што ги пропатиле“.

„Веруваме дека нашите резултати се веродостојни“, оцени Брамерц наведувајќи дека Трибуналот „значително придонел на одржувањето на меѓународните мир и безбедност“.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе