Главниот обвинител на Хаг

Брамерц: На Балканот се негираат злосторствата и се величаат злосторниците

Главниот обвинител на Механизмот за меѓународните кривични судови во Хаг Серж Брамерц денес, зборувајќи за земјите од поранешна Југославија на седница на Советот за безбедност на ОН, кажа дека низ Балканот е присутно негирање на злосторствата и величење на воените злосторници.

Како што се наведува во соопштението, Брамерц кажа дека длабочината на тој проблем може да се види преку акциите на политичарите.

„Тие не бараат гласови ветувајќи помирување или градејќи мостови кон другите заедници. Наместо тоа, политичарите веруваат дека ги добиваат изборите со негирање на злосторствата и величење на одговорните. Некои промовираат ревизионистички истории, додека други се обидуваат да добијат гласови со комеморации, наместо со осуди на воените злосторници“, тврди Брамерц.

Тој ова го кажа зборувајќи колкав напредок е постигнат во обидот да се оствари поголема правда за жртвите во Руанда и во земјите на поранешна Југославија.

Брамерц оцени дека уште многу треба да се направи бидејќи властите во Руанда и понатаму трагаат по 500 бегалци, додека во земјите на поранешна Југославија националните судови треба да процесираат уште илјадници случаи.

Тој го информираше Советот за безбедност на ОН за актуелните постапки, кои се под надлежност на Механизмот, односно околу жалбената постапка во случајот на Ратко Младиќ и постапките во случаите кои се водат околу геноцидот во Руанда.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе