Денес конечна пресуда

Брамерц: Младиќ никогаш не покажа ни каење ни разбирање

Конечната пресуда за Ратко Младиќ планирана за денес е особено важна поради жртвите, вели Серж Брамерц, главниот обвинител на меѓународниот Механизам за кривични судови.

EPA-EFE

Тој за минхенски Зидојче цајтунг ја опиша опсадата на Сараево и гранатирањето на градот со кое командувал Младиќ. „Една жена пред судот раскажа како била погодена при враќање од продавница. Куршумот минал низ нејзиниот колк и убил мало дете кое го водела за рака. За тие родители како и за многу други, тоа не бил крајот“, кажа Брамерц.

На прашањето дали смета дека Младиќ тоа го правел од убедување или бил садист кој ја добил својата прилика, главниот обвинител укажа на моментот кога главниот командант на војската на Република Српска им делел слатки на децата во Сребреница. „На муслиманите им кажувал да го предадат оружје и дека ништо нема да им се случи, за набрзо потоа да нареди нивна егзекуција“.

Брамерц додаде дека Младиќ на себе гледа како на „офицер кој извршува наредби“ и дека за него е важно правилото „целта ги оправдува средствата“. „Тој на семејствата на жртвите гледаше со потсмев, заканувајќи им се со гестови и мимика. Го соочивме со 167 сведоци – тоа беа храбри луѓе. Никогаш не покажа каење или барем разбирање за нив“.

Тој смета дека една од причините за големите проблеми во поранешна Југославија е тоа што многу националистички политичари по секое вакво изрекување пресуда зборуваат: „Тоа е пресуда против сите нас!“

Брамерц смета дека „мора да дојде до построга реакција на меѓународната заедница“ на негирањето на геноцидот во Сребреница, што овие денови повторно го прави српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик. „Го сметам тоа за апсолутно неприфатливо. Тоа е отворено фалсификување на историјата“, кажа Брамерц. Укажа дека историскиот ревизионизам со годините не се намалува. „Тој станува сè побесрамен, ако решително не му се спротивставиме“.

Весникот Штатанцајгер во написот „Балканскиот касап“ ја носи целата заднина на апсењето на Малдиќ, и меѓу другото пишува: „Кога беше уапсен Караџиќ, му немаше трага на Младиќ. Дури на 26 мај 2011 еден од тогаш најбараните злосторници во светот, и во меѓувреме болен човек, по огромниот притисок од САД и Брисел, беше уапсен на имот на северот на Србија. Судот во Белград на 27 мај даде дозвола за негова екстрадиција во Хаг. Кога беше објавена таа информација, илјадници луѓе излегоа на улиците во Белград, за да демонстрираат против екстрадицијата на Младиќ. Го славеа како национален херој“, пишува германскиот весник.

Потсетува дека Младиќ постојано повторувал дека е невин, а дека судењето постојано било прекинувано поради неговата лоша здравствена состојба. Конечно беше првостепено осуден во 2017 на доживотен затвор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе