Интернет-корисниците со мешани реакции

Брачниот пар Зеленски позираше за Вог (ФОТО+ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена позираа за познатиот моден магазин „Вог“, потег што доби мешани критики.

Фото: Инстаграм

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена позираа за насловната страница на магазинот „Вог“, за кој парот разговара за речиси дведеценискиот брак и за времето поминато без нивните деца, кои мора да бидат разделени поради тековната руска инвазија на земјата. И претседателот и првата дама разговараа со тимот на Вог во Киев, во лично интервју. Војната во Украина трае повеќе од 150 дена и ги однесе животите на илјадници луѓе.

„Додека војната во Украина влегува во критична нова фаза, првата дама на земјата, Олена Зеленска, стана клучен играч – прв дипломат и лице на емоционалната жртва на нејзината нација“, објави Вог на својата сметка на Инстаграм.

Олена Зеленски, долгогодишна сценаристка на комедии, главно е во сенка на нејзиниот сопруг актер, кој стана политичар, украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Олена и Володимир се фотографираа за новиот број на магазинот „Вог“ и со читателите ја споделија приказната за својот живот.

Првата дама на Украина истакна дека го запознала Володимир во средно училиште. Почнале да се забавуваат додека студирале, а во 2003 година ја основале продуцентската куќа „Квартал 95“.

Володимир истакна дека го привлекла убавината на Олена, а парот има две деца Олександра и Кирил.

Фотоедиторијалот и целата приказна околу брачниот пар Зеленски предизвикаа контроверзни реакции во јавноста. Некои сметаат дека сега не е време за ваква приказна и ја критикуваат двојката што позира за списание во време кога нивната земја е опустошена од војна, а други сметаат дека е оправдана.

Коментарите се многубројни, а на социјалните мрежи украинскиот претседател е најкритикуван дека се забавува додека други умираат и ги губат домовите за својата татковина.

„Дали другите светски лидери организираат модни фотосесии за време на војна и инвазија?“, „Какво е ова видео и кој мислеше дека ова е добра идеја?“, „Пропаганда на Вог“, „И натаму не е Меланија“, „Ова е чудно“, „Илјадници невини жени и мажи бегаат и умираат. Илјадници украински војници загинаа, а стотици градови и заедници се уништени. Но да, ајде да направиме фотосесија за Вог“, се само дел од негативните коментари.

Фотографиите ги направи Ени Лебовиц, славна светска фотографка, а позната е по своите профили на познати личности.

„Приоритети. Сигурен сум дека другарите во рововите го ценат напорот што Зеленски го вложуваат за да ја прекинат војната. Насловната страница на Вог сигурно ќе помогне. Слава на Украина“, напиша еден корисник на Твитер.

Руските сили во моментов ги концентрираат своите напори да освојат територија во јужниот дел на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе