„Црните животи се важни“

Брачна двојка со оружје си го брани имотот додека демонстранти рушат низ богата населба во Сент Луис (ВИДЕО)

Маж и жена се снимени со вперени оружја кон демонстрантите што влегле на нивниот имот, откако група активисти на „Црните животи се важни“ (БЛМ) ги урнаа портите во богата населба во Сент Луис, Мисури.

На интернет се појавија повеќе видеа од расправиите, при што двојката доби и пофалби дека „си го брани имотот“, и критики за „малтретирање“ со оружје и осуда за „заканување кон мирни демонстранти“.

Некои од активистите стоеле на самиот раб на тревникот, снимајќи ја двојката, а некои, наводно, дури и подбивно им го дофрлале слоганот „ќе ги јадеме богатите“.

Двојката, пак, за возврат им викала на демонстрантите, наредувајќи им да заминат од нивната приватна сопственост, на моменти вперувајќи го оружјето кон толпата.

Групата демонстранти наводно ја урнале портата на влезот во населбата и дошле пред куќата на градоначалничката Лида Крусон, уривајќи ги полициските барикади во дворот и на предниот трем, и го нацртале зборот „ОСТАВКА“ на улицата пред нејзините прозорци.

Демонстрантите бараат таа да даде оставка делумно и поради јавното откривање на имињата на неколку активисти на БЛМ што повикувале да не ѝ се даваат пари на полицијата и да се затвори локалниот затвор. Демонстрантите со недели маршираат во Сент Луис како дел од протестите на национално ниво против бруталноста и расизмот, предизвикани од смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе