Босна е гневна на Макрон

Функционери од Босна и Херцеговина изразија незадоволство поради комнетарот на францускиот претседател Емануел Макрон околу враќањето на џихадистите од Сирија и Ирак во земјата.

Макрон оцени дека Босна и Херцеговина е „темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска“. Во големото интервју за лондонски Економист, тој истакна дека земјата се соочува со проблемот на џихадистите повратници.

Портпаролот на Исламската заедница Мухамед Јусиќ изјави дека, за разлика од Франција која во Сирија и Ирак испратила 1.900 луѓе, од Босна заминале само 300 граѓани, главно жени и деца.

Тој додаде и дека Франција ја чека враќање на 450 џихадисти и дека затоа не гледа зошто тоа е поголем проблем во неговата земја отколку во Франција.

Жељко Комшиќ, членот на претседателството на БиХ, најави дека ќе го повика амбасадорот на Франција во Сараево Гијом Русо за да ги објасни коментарите на францускиот претседател.

За хрватски Индекс изјавите на Макрон, за кого велат дека некое време фигурираше како главна надеж за европскиот проект, се шокантни, но не и изненадувачки. Во коментарот се констатира дека ова не е првпат Макрон да крева тревога и да ја повикува Европската Унија да се разбуди и да преземе нешто околу неопходната стратегиска реформа, пред да биде доцна.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе