Бившиот холандски амбасадор остар кон српскиот лидер

Бош: Вучиќ да не лее крокодилски солзи, Ивановиќ беше единствениот што смееше да го предизвика

Поранешниот холандски амбасадор на Косово, Роберт Бош, изјави дека косовската полиција е подготвена да се воспостави нови правила и ред на северот на земјата.

Тој на Фејсбук го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ „да не лее крокодилски солзи“ за убиството на претседателот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, во северниот дел на Косовска Митровица.

„Оливер е мртов, единствениот човек што смееше да го предизвика еднопартискиот систем што Вучиќ го инсталира преку Српската листа“, напиша Бош.

Бош потсети на интервјуто на Ивановиќ за агенцијата Срна, само неколку дена пред неговата смрт, во кое Ивановиќ стравува дека може да биде убиен.

„Се плашам дека некои луѓе би можеле да ја дестабилизираат сегашната ситуација и мора да признаам дека се плашам за мојата безбедност“, рече Ивановиќ во интервјуто.

Тој изрази надеж дека ФБИ ќе помогне да се расветли убиството и рече дека е задоволен од ангажманот на органите на редот во воспоставувањето закон во северниот дел на Косово.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе