Босански министер тврди дека хрватски разузнавачи вооружуваат исламисти во БиХ

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ изјави вчера дека „хрватски разузнавачи“ биле вклучени во тајна операција чија цел била да се покаже дека во БиХ дејствуваат оружени групи радикални исламисти-салафисти, односно да се оправдаат претходните изјави на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за илјадниците исламистички екстремисти во БиХ кои се закана за безбедноста на целиот регион.

„Наназад неколку години документиравме, односно дојдовме до сознанија дека хрватската служба работи на врбување наши државјани. Во тоа се вмешани и хрватскиот конзул во Тузла и одреден број лица кои се обиделе да искомбинираат една разузнавачка операција за вооружување на салафистите тука“, изјави Мектиќ.

Босанскиот министер изјавата ја даде откако порталот Журнал претходно вчера објави заплеткана приказна во која опишува како хрватски разузнавачи под закана наведувале некои државјани на БиХ дека во земјата внесувале оружје, што потоа би било пријавувано во полиција, а таквите приказни требало да послужат како доказ за тврдењата за опасноста од радикалните исламисти.

„Ние тоа го следевме подолг временски период и ја прозревме таа намера. Спречивме таа да се реализира. Тука имаше вклучено и новинари, кои за вршење на тие активности користеле дипломатски возила“, изјави министерот за безбедност на БиХ Мектиќ додавајќи дека целта на разузнавачката операција била „брутално да се дискредитира БиХ“ и да се докажат тврдењата на хрватската претседателка дека БиХ е земја во која има исламистички терористички кампови.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе