Босански член на ИСИС избегал од заробеништво во Сирија пред да ѝ биде предаден на БиХ

Еден од државјаните на Босна и Херцеговина кои активно се бореле во редовите на терористичката организација Исламска држава (ИСИС), Абдула Армин Чурт успеал да избега од заробеништво од Сирија, до кое дошол откако го фатиле припадници на силите на антитерористичката коалиција предводена од САД, потврди министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ.

Чурт бил меѓу лицата кои во април од Сирија требало да бидат депортирани во БиХ врз основа на договорот постигнат со американските власти, но непосредно пред тоа извегал од заробеничкиот дел на Кампот Рој кој го чуваат припадници на коалициските сили.

„Тој требаше да дојде заедно со Ибро Ќуфуровиќ, заедно требаше да ѝ бидат испорачани на Босна и Херцеговина. Официјално сум информиран дека успеал да избега од тој камп“, кажа Мектиќ за телевизијата Н1.

Не се знае каде избегал Чурт, а Мектиќ истакна дека по неговото бегство во Кампот Рој биле засилени безбедносните мерки.

Чурт се „прослави“ кога во јануари 2016 година во една видео-порака од Сирија, каде што се бореше во терористичките единици, се закани дека ќе го заколе поглаварот на Исламската заедница во БиХ Хусен Кавазовиќ, обвинувајќи го дека е неверник.

Единствениот државјанин на БиХ кој досега ѝ бил предаден од Сирија е Ибро Ќуфуровиќ, на кој пред судот на БиХ му се суди по обвинение за тероризам.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе