Кај Лондон

Борисов за 39-те тела најдени во бугарски камион: „Не сме никако поврзани освен со табличките“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се огласи откако во Велика Британија беа најдени 39 мртви тела во камион од Бугарија.

„Починатите лица пронајдени во камионот во Велика Британија не можеле да влезат во Бугарија затоа што возилото нема влезено во нашата земја уште од регистрацијата во 2017 година“, рече бугарскиот премиер.

Во разговор за приватниот канал БТВ, Борисов рече дека Бугарија соработува со британските власти во истрагата.

„Камионот во 2017 година во Бугарија го регистрирала една Ирка. Потоа камионот ја напуштил земјата и никогаш повторно не влегол. Затоа, не можеме да бидеме никако поврзани освен со регистарските таблички на камионот“, рече Борисов.

Британската полиција пронајде тела на 39 лица во камион за кој се верува дека дошол од Бугарија.

Телата биле откриени во раните утрински часови откако персоналот на итните служби бил предупреден за камион во Грејс, Есекс, на околу 32 километри источно од Лондон.

25-годишниот возач, од Северна Ирска, е уапсен под сомнение дека извршил убиство.

Си-ен-ен јави дека камионот попладнево бил преместен. Полицијата соопшти дека ќе биде преместен на „сигурна локација“ на пристаништето во Тилбери, на околу 20 минути возење од Греј, за „да се задржи достоинството на оние што ги загубија животите“.

Полицијата смета дека камионот рано утрово влегол од Белгија во Англија.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе