Бугарскиот премиер чека инструкции од лекарите

Борисов во самоизолација по контакт со заразен од ковид-19

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека е во самоизолација затоа што бил во контакт со заменик министерот за градежништво Николај Нанков, кој е позитивен на коронавирусот.

Борисов се тестираше денеска пред да се сретне со Кејт Крач, член на американскиот Стејт департмент за економски развој, енергија и развој.

Тој претходно беше информиран дека Нанков се заразил со Ковид 19, поради што ќе остане дома се додека здравствените работници не проценат дали може да го напушти карантинот. Со него имал контакт пред пет дена.

„Чекам инструкции од здравствените работници и до тогаш ќе бидам во самоизолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделникот", напиша Борисов на Фејсбук.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе