Бугарскиот премиер

Борисов: Скокаат цените на вакцините, трговската војна е факт

Бугарскиот премиер Бојко Борисов откри дека цената на вакцината против коронавирусот на компаниите Бајонтек и Фајзер скокнала од 12 на 19,5 евра.

EPA-EFE

Тој ова го откри во неделата при посетата на градилиштето на спортски центар во Тополово, село во регионот на Пловдив, пренесува бриселски Јуроактив.

„Цените на вакцините се зголемуваат. Трговската војна е факт. Доза на вакцината на Фајзер чинеше 12, во моментов е 15,50 евра. Европската Унија е во процес на потпишување договор за 900 милиони дози вакцини за 2022-2023, но овој пат цената е 19,50 евра. Тоа ќе чини околу 800 милијарди евра“, кажа Борисов, а пренесува БТА.

Зборувајќи за Бугарија, тој кажа дека очекува во земјата да пристигнат 2,7 милиони дози од Фајзер во април и мај, најдоцна до средината на јуни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе