Борисов: Сите сме биле големи претходно (ВИДЕО)

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов кажа дека „мораме да војуваме за тоа која земја има подобар стандард, а не да мислиме на војни и други глупости“.

Тој за српската Прва телевизија кажа и дека „сите сме биле големи претходно, а сега почнуваме да се однесуваме како Европејци“.

„Сакам да го поздравам српскиот народ и да кажам – Браво претседателе Вучиќ и благодарам за пријателството. Еве зборуваме ние како Балканци што сме направиле со голема Србија, голема Бугарија, голема Македонија. Сите сме биле големи претходно, сега почнуваме со почитување на соседите, како што прават сите Европејци. Австрија и Германија не се караат на кој јазик зборуваат, ниту дали е поубаво во Виена или во Минхен. Тие се караат каде поубаво се живее и колку илјади имаат дневно. Ние мораме да војуваме за тоа која земја има подобар стандард, а не да мислиме на војни и останати глупости. Вучиќ го демонстрираше тоа, тој е еден европски политичар“, кажа Борисов.

Тој за Прва телевизија кажа и дека како дете скришно гледал југословенска телевизија.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе