Борисов: Подготвен сум да се повлечам, ако сака народот

Подготвен сум во секое време да се повлечам, сум го правел тоа, подготвен сум. Не сакам заради мене да има притисоци. Јас не сум Радев да се радувам кога луѓето се тепаат по улици и затвораат крстосници, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Ако сме толку силни и обединети, што е проблемот да има службена влада? Ќе предложам неколку варијанти, вклучувајќи јас да си заминам, а владата да продолжи“, ја пренесува БГНЕС изјавата на Борисов.

Тој уште додал дека не саката државата да биде поделена, но нагласил дека неговата партија никогаш не правела коалиција со ДПС и никогаш нема да прави. Таква коалиција, како што вели тој, нема да дозволи.

„Ниту еден ден повеќе нема да останам во власта, ако народот не сака. Ќе имам повеќе разговори. А оние кои зборуваат само ќе ги потсетам на приемот на Бугарија во финансискиот сојуз и во еврозоната. Тоа многу ги нервира олигарсите. Нема да можат да уништуваат банки, да вадат кеш, затоа ме компромитираат, но како што гледате тоа не ми пречи многу“, објаснува Борисов.

За себе вели дека е најпроверуваниот политичар во Бугарија во текот на сите овие години и додава дека чувствува притисок во општеството поради посакуваното чувство на праведност. Борисов уште објаснува дека единственото нешто што не го направиле е што не предложиле кандидат за главен обвинител.

„Јас, заедно со вас 11 пати сум победил на избори. Три пати со службена влада. Не се плашиме, но не му веруваме на Радев. Немаме проблем со службена влада. Без службена влада не можат да се земат заеми, ако економијата е блокирана. Не може да се прогласува вонредна состојба. Ако има вакцина не може да се купи, нема да има државен буџет“, објаснува тој.

Борисов ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

„Ако сум јас причината, веднаш си заминувам. Ве молам не подлегнувајте на провокации“, додаде Борисов.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе