Брисел

Борисов, Пленковиќ и Орбан жестоко ја нападнале Меркел на синоќешниот вонреден самит на ЕУ

Синоќешниот самит на Европскиот совет во Брисел се чинеше дека е завршен уште пред да почне.

Конзервативната Европска народна партија (ЕПП) на германската канцеларка Ангела Меркел силно се спротивставила на планот што го договориле водачите на ЕУ на маргините на самитот на Г-20 во јапонска Осака, според кој социјалдемократот Франс Тимерманс требало да биде следниот претседател на Комисијата. Предлогот во Осака го договориле Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, холандскиот премиер Марк Руте и шпанскиот премиер Педро Санчез.

Конзервативците се собрале на состанок пред самитот и гневно реагирале на предлогот ЕПП, која долго доминира во ЕУ, да се откаже од функциите во Комисијата и Советот, а да го задржи само претседателствувањето во Европскиот парламент и позицијата висок претставник за надворешни работи.

Така, работната вечера на лидерите на ЕУ почнала со тричасовно одложување, а била прекината по помалку од два часа заради нови консултации. „Состанокот на Европскиот совет ќе продолжи веднаш штом ќе се одржат консултациите“, рече портпаролот на ЕУ, Пребен Аман.

За време на работната вечера од Европскиот совет до медиумите дојдоа информации дека лидерите на ЕУ биле спречени да користат мобилни телефони за да избегне „протекување информации“ во врска со преговорите за номинации за водечките позиции во ЕУ.

Дека нешто се случува станало јасно кога германскиот весник Ди Велт објави дека Ангела Меркел била жестоко нападната на состанокот на лидерите на Европската народна партија во Брисел непосредно пред самитот на ЕУ. Весникот наведува дека неколку лидери на Европската народна партија, меѓу кои и бугарскиот премиер Бојко Борисов, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и ирскиот премиер Лео Варадкар, ја обвиниле Меркел дека недоволно ги почитува интересите на Европската народна партија, како и дека на самитот на Г-20 во јапонскиот град Осака не направила доволно за Манфред Вебер.

Вебер, германски конзервативец, важеше за главен кандидат за претседател на Европската комисија, но по Осака во прв план исплива холандскиот социјалдемократ Франс Тимерманс.

Политико јави за „бунт“ во ЕПП против предлогот Франс Тимерманс да стане нов претседател на Европската комисија. На предлогот се спротивставиле и Полска, Романија и други земји.

Борисов по доаѓањето рекол дека Вебер останува кандидат на ЕПП за претседател на Комисијата и се пожали дека без разлика што било договарано во Осака, четворицата лидери што стојат зад предлогот не зборуваат за 24-те други лица во Советот.

Сепак, основните информации од вонредниот состанок на водачите на ЕУ во Брисел во врска со имињата на кандидатите за водечките функции во ЕУ остануваат непознати. Се очекува средбата да продолжи денеска.

Се работи за избор на претседател на Европската комисија, на Европскиот совет, Европскиот парламент, на претседател на Европската централна банка и на висок претставник за надворешна и безбедносна политика.

Последниот пат кога беше избирано новото раководство, во 2014 година, беа потребни три месеци и три самити.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе