Бугарскиот премиер

Борисов ја обвини Европа: Сопирањето на изградбата на Јужен тек ја претвори Турција во центар за дистрибуција на гас

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја критикуваше Европската комисија бидејќи сопирањето на изградбата на гасоводот Јужен тек ја претворило Турција во „центар за дистрибуција на гас“.

Како што објасни, да беше изграден Јужен тек, Европската комисија ќе имаше инструмент „Бугарија-Украина“. Меѓутоа, сега се појави нов играч – Турција.

„И тоа го направивте вие од Европската Унија“, истакна тој.

Борисов го искоментира и прашањето со транзитот на гас низ Украина, кажувајќи дека тој смета дека Русија нема да се откаже од таа рута.

„Руските гасни компании зависат од нашите пари. Зошто некој би го сопирал транзитот на тој гас, што мислите, дека ќе сакаат туку така да се откажат од тие пет милијарди евра?“, реторички праша бугарскиот премиер.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе