Борисов го обвинил лидерот на бугарските Турци дека му подготвува атентат

Бугарскиот премиер на заминување Бојко Борисов го обвинил поранешниот лидер на политичката организација на бугарските Турци, Движење за права и слободи (ППС) Ахмет Доган дека го нарачал атентатот врз него.

 


Откако пратениците во бугарскиот парламент ја прифатиле оставката на владата, Борисов од говорницата побарал од парламентот да ги испита наводите на разузнавачката служба, дека против него се подготвува атентат, а дека нарачател е Ахмет Доган.

„Информацијата ја кажувам сега, бидејќи владата е во оставка“, истакнал Борисов и побарал Народното собрание да формира комисија која ќе ги истражи овие тврдења.

Тој додал и дека пред петнаесетина дена новиот началник на разузнавачката служба го информирал за документ кој содржи информации за заканата.

Бугарскиот парламент ја прифати вчера оставката на владата предводена од Бојко Борисов, поднесена поради протестите на народот против високите цени на електричната енергија.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе