Бугарскиот премиер за Турски тек

Борисов до Путин: Дојдете и уверете се, ние не сме Србија

На Русија ѝ станува непријатно затоа што Бугарија е лојален и силен член на НАТО и ЕУ, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На овој начин тој ја коментираше изјавата на рускиот премиер Владимир Путин, кој кажа дека Бугарија намерно одолговлекува со гасоводот Турски тек.

„Бугарија ги почитува процедурите на ЕУ. Ние не сме Србија, ни Русија, ни Турција. Имавме процедури и тендери, кои ги одобри Европската комисија“, кажа Борисов во интервју за БТВ.

Според него, Путин најверојатно веќе располага со информациите кога станува збор за реализацијата на Турски тек во Бугарија.

„Ние веќе ископавме околу 150 километри, се поставуваат цевките и изградбата е во тек“, истакна Борисов, додавајќи дека со српскиот министер за енергетика посетил дел од гасоводот.

Бугарскиот премиер додаде и дека Путин секогаш може да ја посети Бугарија и лично да се увери со која брзина се гради гасоводот.

„Мојот одговор до претседателот Путин: добредојдени сте. Кога тој ќе дојде, ќе отидеме да видиме со која брзина се одвива градењето. Во просек се градат по пет километри дневно. Подоцна почнавме, бидејќи моравме да истераме многу процедури“, заклучи Борисов.

Тој кажа и дека е сигурен дека Бугарија за Русија е единствената и најбрза опција за алтернативна диверсификација на испораката на гасот.

Борисов се сомнева дека Србија е подобра алтернатива и дека проектот ќе биде реализиран побрзо ако Русија се преориентира на Србија.

„Се сомневам дека Србите ќе завршат пред нас. Ние ќе завршиме точно на време“, заклучи тој.

Рускиот претседател Владимир Путн кажа дека бугарската страна свесно ја одолговлекува реализацијата на проектот преку својата територија.

„Што се однесува до транзитот преку Турски тек, ние сме спремни, а српскиот дел од границата на Бугарија до Унгарија е речиси готов, 90 отсто е веќе поставено и тоа е прашање на неколку недели. Но она што ние го гледаме, без оглед на молбите на руската страна да се обезбеди испораката на нашиот гас низ Турција и Бугарија, гледаме дека бугарската страна свесно ја одолговлекува реализацијата на проектот преку својата територија, веројатно под притисок од страна. Ќе видиме како понатаму ќе се развува таа ситуација. Ако не сакаат Бугарите, ќе најдеме други на југот на Европа“, кажа Путин.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе