„Аста ла виста“

Борис Џонсон се збогува со британските пратеници

Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон денеска доби овации од членовите на Конзервативната партија, откако своето обраќање пред парламентот го заврши со зборовите „аста ла виста, душо", алудирајќи на реплика од познатиот филм „Терминатор".

Фото: ЕПА

„Помогнавме, и јас помогнав да ја протуркаме оваа земја низ пандемијата и да помогнеме да се спаси друга земја од варварство. Искрено, тоа е главно она што се случува. Мисијата беше во голема мера исполнета. Сакам да им се заблагодарам на сите овде, аста ла виста, душо“, рече Џонсон при последниот одговор на пратеничките прашања од премиерската позиција.

Тој им порача на кандидатите за нов лидер Риши Сунак, Пени Мордонт и Лиз Трус да се држат до Американците, да бидат тука за Украинците и да се борат за слобода и демократија „насекаде“.

Тој, исто така, им порача да ги намалат даноците каде што можат и да ја направат Британија најдобро место за живеење и инвестирање, да се фокусираат на она што претстои, но и да „гледаат во ретровизор“ и да запомнат дека мислењата од Твитер „не се бројат“.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе