Британскиот премиер

Борис Џонсон под сѐ поголем притисок да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон ги отфрли повиците за негова оставка, говорејќи жестоко во парламентот, но тоа веројатно нема да ги спречи пратениците на неговата Конзервативна партија да се обидат да го сменат поради низа прекршувања на антиковид-мерките.

Фото: ЕПА

Притисокот врз премиерот се зголеми кога еден конзервативен пратеник ѝ се приклучи на ривалската Лабуристичка партија, најголемата опозициска партија, и кога поранешниот член на владата на Џонсон Дејвид Дејвис остро му порача на поранешниот шеф дека треба да поднесе оставка.

Дејвис, поранешниот министер за брегзит, побара од Џонсон да поднесе оставка за време на пратенички прашања до премиерот во долниот дом на парламентот, каде што Џонсон ги бранеше резултатите на својата влада во економијата и во борбата против криминалот и пандемијата на коронавирусот.

Новиот лабуристички пратеник Кристијан Вејкфорд го обвини својот досегашен шеф Џонсон дека не е способен да предводи влада каква што земјата заслужува.

Џонсон се обиде да ги избегне прашањата за скандалот што му ја загрозува кариерата, а е во врска со неговото присуство на владини забави за време на најстрогите мерки против коронавирусот. Конзервативните пратеници размислуваат дали да покренат гласање недоверба на Џонсон, кој пред само две години ја доведе партијата до најубедливата изборна победа последниве 40 години.

Правилата на Конзервативната партија предвидуваат гласање за доверба на лидерот на партијата да може да се иницира доколку такво барање потпишат 15 отсто од нејзините пратеници во Долниот дом, односно 54 од нив.

Досега само неколку конзервативни пратеници отворено повикаа Џонсон да поднесе оставка, но се верува дека повеќе од десетина од нив потпишале писмо во кое бараат гласање за доверба.

Пратеникот Ендрју Бриџен, кој е против Џонсон, изрази очекување дека во текот на неделата ќе бидат потпишани 54 вакви писма, по што во рок од неколку дена би можело да се гласа за доверба на Џонсон.

Доколку Џонсон го загуби гласањето за недоверба, за што би се изјаснувале 359 конзервативни пратеници, тој повеќе нема да биде на чело на партијата. Би следувала трка на кандидати за нов лидер на партијата, а победникот автоматски ќе стане нов премиер.

Доколку мнозинството конзервативни пратеници го поддржат Џонсон, ново гласање за доверба нема да може да се одржи во следната година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе