Борис Џонсон: Со или без договор излегуваме од ЕУ на 31 октомври (ВИДЕО)

Борис Џонсон, кандидатот за иден британски премиер, вети денес дека ќе ја изведе земјата од Европската унија на 31 октомври, со или без договор за брегзит.

Премиерката Тереза Меј во петок ќе поднесе оставка откако не успеа да му понуди на парламентот прифатлив договор за напуштање на Европската унија.

Зад себе остави поделена нација и парламент без консензус за тоа во која насока треба да оди петтата најголема светска економија.

Џонсон, поранешен министер за надворешни работи, кој поднесе оставка протестирајќи против Тереза Меј и начинот на кој го водеше процесот за напуштање на Европската унија, според кладилниците е фаворит за преземање на премиерската позиција, објави Ројтерс.

 „Ако јас станам премиер, со или без договор излегуваме на 31 октомври“, ѝ се обрати Џонсон на јавноста преку видео објавено на Твитер, во склоп на кампањата,

Објавувањето на видеото се совпадна со доаѓањето на претседателот на САД, Доналд Трамп во Велика Британија, кој го поддржа поранешниот министер за надворешни работи, велејќи дека Џонсон би работел „многу добра работа“ како британски лидер.

Трката за наследник на Тереза Меј досега беше сосредоточена на ставовите на кандидатите за излегување од Европската унија без договор, при што постои јасна линија на поделба меѓу оние кои го толерираат напуштањето на Унијата без формален преоден договор и оние кои тврдат дека тоа би било економски премногу опасно.

Ривалот на Џонсон за премиерската позиција Џереми Хант е еден од најжестоките противници на брегзит без договор, за Би-би-си рече дека до тоа треба да дојде само во „екстремни“ случаи, но дека тој верува дека може да преговара за подобар договор пред 31 октомври, датумот утврден за излез на Велика Британија од Европската унија.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе