Борис Џонсон ја обвини ЕУ дека сака граница на море, Ирска тврди дека тоа не е точно

Во момент кога преговорите за односите по брегзитот стануваат сѐ повжештени, Ирска денес го отфрли тврдењето на британскиот премиер Борис Џонсон дека ЕУ се заканува со создавање нови трговски пречки меѓу Британија и Северна Ирска.

EPA-EFE

„Тоа едноставно не е така. Каква било сугестија дека ќе се создаде нова граница едноставно не е точна“, кажа ирската министерка за правосудство Хелен Мекетни.

Џонсон ја обвини Европската Унија дека сака да воведе трговска граница на Ирското Море и да ја блокира трговијата со прехранбени производи меѓу Британија и Северна Ирска ако не се прифатат условите на ЕУ за идните односи на двете страни.

Џонсоновата влада најави дека планира да ги прекрши своите меѓународни обврски во делот на договорот за излегување од Европската Унија потпишан во јануари објаснувајќи ја својата намера со потреба за нов закон кој ќе ја штити слободата на трговијата меѓу четирите конститутивни дела на Обединетото Кралство – Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Ирската министерка објаснува дека одредбите за Северна Ирска и Британија во договорот за повлекување од ЕУ ги прифатиле двете страни за по брегзитот да се гарантира чесната конкуренција и за да биде во согласност со мировниот договор од 1998.

„Договорот исто така го гаранира интегритетот на Северна Ирска како дел од Обединетото Кралство“, кажа Мекерни, додавајќи дека не гледа никакво повторно воспоставување граници.

Британскиот премиер во вчерашниот Дејли телеграф напиша дека во последните недели се „загрижил“ дека ЕУ можеби не ги сфатила добро условите на доворот за брегзитот кој вклучува протокол за Северна Ирска направен за да се избегне тврда граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска.

„Сега слушаме дека ЕУ, ако не се согласиме на нејзините услови, ќе го искористи екстремното толкување на протоколот за Северна Ирска за да воведе целосна трговска граница вдолж Ирското Море“, напиша Џонсон во колумната.

„Кажано ни е дека ЕУ не само што ќе воведе царини на стоката која оди од Британија во Северна Ирска, туку и би можела да го прекине транспортот на прехранбени производи меѓу Северна Ирска и остатокот од Британија“.

Тој оцени дека ставот на ЕУ претставува опасност и по Обединетото Кралство и по мирот во Северна Ирска, каде со Договорот од Велики петок од 1998 главно беше ставен крај на тридеценискиот конфликт меѓу тамошните протестанти и католици.

„Мораме да го заштитиме Обединетото Кралство од таа катастрофа и затоа ја направивме таа правна безбедносна мрежа, законот за внатрешен пазар на Обединетото Кралство, за да го разјасниме ставот и да ги решиме недоследностите“, напиша Џонсон.

Владата во Лондон тој закон го претстави во средата, истакнувајќи дека тој ќе го заштити британскиот високо интегриран пазар и ќе им гарантира на компаниите да продолжат непречено да тргуваат во сите делови на Обединетото Кралство по завршувањето на преодниот период кога повеќе нема да важат законите на ЕУ.

Предлог законот предизвика загриженост во ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе