Борис Џонсон и Џереми Хант го одржаа завршното обраќање до конзервативците

Двајцата кандидати за британски премиер, Борис Џонсон и Џереми Хант, синоќа во Лондон ја имаа завршната средба со своите гласачи, конзервативците.

Тие ќе одлучат кој ќе биде идниот премиер на Велика Британија и нивен лидер.

Борис Џонсон и Џереми Хант, поранешниот и сегашниот министер за надворешни работи, им се обратија и им одговараа на стотици членови на својата партија во лондонскиот конференциски центар.

Џонсон, кој во оваа трка води според сите анкети на јавното мислење, потврди дека има намера да ја изнесе Велика Британија од Европската Унија до 31 октомври, со или без договор со ЕУ.

Тој тврди дека Британците сакаат влада што „ќе го спроведе и оствари брегзитот“.

Околу 160.000 члена на Конзервативната партија треба да гласаат до понеделник по пошта.

Победникот на овие избори во вторник ќе ја замени Тереза Меј како британски премиер и лидер на конзервативната партија.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе