Во документарен филм на Би-би-си

Борис Џонсон ги нарекол Французите „лајна“ поради нивното однесување за брегзитот

Борис Џонсон ги нарекол Французите „лајна“ поради нивниот однос за време на преговорите за брегзитот.

Според Дејли мејл, фаворитот во трката за наследник на Меј тоа го кажал додека Би-би-си снимало документарец за неговиот мандат како министер за надворешни работи.

Би-би-си на крај се согласило да не го емитува коментарот откако Министерството за надворешни работи рекло дека ќе им наштети на англиско-француските односи.

Но еден меморандум на Би-би-си, објавен на 13 ноември, вели: „Преговаравме за отстранување на еден потенцијално непријатен момент кога поранешниот министер за надворешни работи ги нарекува Французите 'лајна', за да не го одвлече вниманието од остатокот од програмата.“

Сепак, Би-би-си го одбило барањето на Форин офисот да отстрани друг дел од документарниот филм, каде што Џонсон вели дека Франција ја „заебала“ Велика Британија.

Портпаролот на Би-би-си изјави: „Целта на програмата е да ги рефлектира реалностите на животот во рамките на Форин офисот, продуцентскиот тим го процени она што беше во програмата и се задоволни дека програмата ги постигнува своите амбиции и ја има содржината што ја сака“.

Запрашана за време на посетата на самитот на Г-20 во Јапонија дали е свесна дека Џонсон ги нарекол Французите „лајна“, британската премиерка во заминување Тереза Меј рече: „Верувам дека кој и да ме замени како лидер ќе работи со Европската Унија и со нашиот парламент за да најде начин преку кој ќе се осигуриме дека можеме да го направиме она што сакаме да го направиме, а тоа е остварување на гласот на британскиот народ“.

Портпаролот на Џонсон одби да коментира.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе