Борис Џонсон: Британија е великодушна кон бегалците, но потребна е контрола

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот ги отфрли повиците до Велика Британија да го олесни барањето за добивање виза за украинските бегалци кои бегаат од конфликтот, велејќи дека Британија е великодушна земја, но мора да се проверува кој влегува во земјата.

Фото: ЕПА

„Ние сме многу, многу великодушна земја. Но, она што го сакаме е контрола и сакаме да имаме можност за проверка. Мислам дека е разумно, со оглед на она што се случува во Украина, да имаме основна можност да провериме кој влегува во земја“, изјави тој за новинарите.

„Она што нема да го имаме е систем според кој луѓето можат да дојдат во Велика Британија без никакви проверки и контроли - мислам дека тоа не е вистински пристап - но она што ќе го имаме е став кој е многу, многу великодушен. Како што ситуацијата во Украина се влошува, луѓето ќе сакаат да видат дека оваа земја ги отвора рацете за луѓето кои бегаат од прогон, од воена зона“, додава тој.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во неделата ги повика Британците да сторат повеќе за да им помогнат на украинските бегалци заглавени во француското пристаниште Кале, откако британските власти на многумина им порачаа барањата за визи да ги поднесат во Париз и Брисел.

Тој рече дека стотици украински бегалци пристигнале во Кале во изминатите денови, надевајќи се дека ќе им се придружат на семејствата во Велика Британија, но дека многумина биле одбиени од британските власти кои ги испратиле во конзулатите во Париз и Брисел.

Џонсон, исто така, рече дека ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и други светски лидери подоцна во понеделник. За време на посетата на британската воена база, тој разговараше со канадскиот лидер Џастин Трудо и холандскиот премиер Марк Руте. Тој рече дека Британија сака да оди уште подалеку со санкциите, и дома и со охрабрување на меѓународните сојузници да направат повеќе.

„Мислам дека треба да признаеме дека треба да направиме повеќе кога станува збор за санкциите, има повеќе што можеме да направиме и што мислам дека треба да направиме“, рече Џонсон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе