„Единствениот пат напред“

Борел: Вучиќ и Курти да се вратат на дијалогот

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел ги повика претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти по кренатите тензии да се вратат на ситуација во која е можно продолжување на дијалогот во Брисел.

EPA-EFE

„Имавме многу тешка ситуација на границата меѓу Косово и Србија. Разговарав и со Вучиќ и со Курти“, наведе Борел.

Како што кажа, неодамнешните инциденти и договорот од 13 септември покажуваат дека дијалогот, во кој посредува Брисел, е единствениот пат напред.

Борел денес претседаваше со Советот на ЕУ, на кој министрите за надворешни работи на земјите членки ги информираше за случувањата на административните премини на северот на Косово, пренесува Танјуг.

Тој ги информираше министрите за разговорите кои со регионалните лидери ги имал на самитот ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ и на маргините на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе