Борел: Војната во Украина може да се замрзне како во Кореја

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел смета дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да заврши, туку ќе се замрзне како војната во Кореја“ од пред 70 години.

Фото: ЕПА

„Во Кореја, двете страни постигнаа примирје и прекин на огнот со што се воспостави линија на раздвојување. Тоа би можело да биде излезот од овој конфликт“, изјави Борел (75), потпретседател на Европската комисија.

„Украина и Русија ќе мора да се повлечат од своите сегашни позиции за да постигнат сценарио како она во Кореја“, рече Борел. Тоа значи дека Киев и Москва треба да престанат да бараат, да бранат или да освојуваат територија.

Договорот за примирје во Кореја, кој сè уште е во сила, беше потпишан во 1953 година од страна на Северна Кореја и Соединетите Американски Држави, во улога на сојузник на Јужна Кореја. Договорот ги прекина воените операции, а требаше да биде основа за иден дефинитивен мировен договор, кој до денес не е реализиран.

Со договорот се воспостави демилитаризирана зона.

„Но прерано е да се размислува за (мировни) преговори“, рече Борел, кој верува дека сега не е време двете страни да седнат на маса, исто како што не е момент да се вложуваат напори во реконструкција на земја.

„Сега мораме да се фокусираме на избегнувањето уништување“, рече тој.

Борел нема намера да води мировни преговори бидејќи тврди дека Русија не ја прифаќа Европската Унија како посредник. „Лавров (министерот за надворешни работи на Русија) секогаш претпочита директно да разговара со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ отколку со мене“, рече тој.

Сепак, Борел забележува дека блокот од 27 земји мора да биде на преговарачката маса бидејќи „нашите санкции се клучен елемент во какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

„Не смееме да се замориме“

Војната во Украина трае веќе девет месеци, што предизвика поскапување на храната, струјата и бензинот, што влијае на милиони жители на Европската Унија и земјите надвор од неа.

„Неопходно е да се најде решение за проблемите создадени од војната. Не смееме да се замориме. Путин верува дека демократските општества се слаби поради постојаните дебати што се водат. Тој очекува јавноста да бара прекин на војната“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел вели дека негова задача е да им покаже на неутралните земји во светот дека „Русија е негативецот, а не санкциите од ЕУ“. Во групата неутрални наречени „Глобален југ“ има претежно јужни земји како Индија, Пакистан и Кина, како и некои африкански и јужноамерикански земји.

„Ако Русија победи во оваа војна, таа ќе продолжи кон следната цел“, заклучи тој. 

Борел, поранешен министер за надворешни работи на Шпанија, инсистира на дополнително вооружување на земјите од ЕУ. „Европа мора да почне да се вооружува ако сака да остане на висината на задачата“, рече социјалистот, додавајќи дека земјите мора меѓусебно да се договорат кое оружје да го набават за да не се „преклопуваат“.

„Меѓутоа, оваа динамика не може да продолжи бесконечно и неопходно е да се изгради систем што ќе гарантира безбедност во Европа“, додаде тој.

Тој тврди дека сегашниот посредник во конфликтот, Организацијата за безбедност и соработка (ОБС)Е, не функционира.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе