„Тоа не значи дека сакаме засекогаш да ја исклучиме Русија“

Борел: Во Прага создаваме нов поредок без Русија, лидерите на 44 европски земји испраќаат јасен сигнал

Лидерите на 44 европски земји испраќаат денес од Прага јасен сигнал за изолацијата на Русија и ќе се обидат да создадат нов поредок без неа, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

EPA-EFE

„На состанокот ќе се тежнее кон создавање нов поредок без Русија. Тоа не значи дека сакаме засекогаш да ја исклучиме Русија, но за оваа Русија, Русија на Путин, нема место“, им кажа тој на новинарите во Прага.

„Ова е сигналот кој сакаме да го испратиме, дека за жал не можеме да изградиме безбедносен поредок со Русија. Русија е изолирана... Немате место, сите останати се тука“, истакна Борел.

Премиерот на Чешка која претседава со Европската Унија, Петр Фијала го најави првиот самит на 44 лидери на државите на Европа, сите освен Русија и Белорусија, како прилика за неформални разговори за прашањата на безбедноста и мирот и економската и енергетската криза и целите за заштита на животната средина.

„Чешкото претседавање со ЕУ е соочено со големи предизвици и кризи низ кои минува Европа и кои ќе бидат тема на првите разговори на Европската политичка заедница, без оглед дали се тоа мирот и безбедноста, енергетиката, животната средина, економијата. Не е целта само да дојдеме до некакви пишани заклучоци. Целта е да дискутираме и да создадеме некаква рамковна слога околу понатамошното постапување на европските земји во тие области“, кажа Фијала, домаќинот на самитот.

Чешка како домаќин на самитот прво беше скептична кон новата политичка иницијатива на францускиот претседател, а во Прага дури отворено ја нарекуваа „Макроновата замка“, како советникот на чешкиот премиер Томаш Појар, од страв дека земјите од ЕУ кои не се заинтересирани за влез на нови членки, пред сè земјите од Западниот Балкан, ќе го искористат овој формат за да одолговлекуваат со проширувањето на ЕУ.

„Скептичните земји како Франција би можеле на земјите кандидати да им ја понудат Европската политичка заедница и да направат од неа вечна чекалница за ЕУ“, кажа европратеникот Александар Вондра.

Дека Европската политичка заедница не треба да биде замена за пристапниот процес и проширувањето на ЕУ пред сè на Западниот Балкан истакнуваа пред самитот чешките функционери за кои без оглед на страната на политичкиот спектар проширувањето на тој регион е постојан надворешнополитички приоритет.

„Европската политичка заедница не е ништо друго туку начин да размислиме за тоа како ЕУ во овие тешки времиња кога имаме војна во Украина би можела да воспостави потесна соработка со цела низа земји надвор од Унијата, без оглед дали е тоа Британија, Норвешка или Швајцарија. Нормално, и Украина и Турција бидејќи во Европскиот парламент се водат низа дебати што може ново да им понуди ЕУ на Украина и Турција“, кажа чешката европратеничка Дита Харанзова.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе