Борел: Србија и Косово постигнаа договор за табличките

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел соопшти дека е постигнат договор меѓу Косово и Србија.

Фото: ЕПА

Главните преговарачи на Косово и Србија во Брисел постигнаа договор за мерките за избегнување понатамошна ескалација, изјави Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Србија ќе престане да издава регистарски таблички со ознаки на косовските градови, а Косово ќе престане со понатамошни дејства, односно со најавената казна на возачите што сѐ уште не ги пререгистрирале своите возила.

„Имаме договор! Со големо задоволство можам да соопштам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за да се избегне понатамошна ескалација и целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивните односи“, напиша Борел на Твитер.

Тој рече и дека во наредните денови ќе ги повика двете страни да разговараат за следните чекори.

Рокот беше денеска

Борел му се заблагодари на специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за „неговата напорна работа“.

Договорот е постигнат на средбата на главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ во Брисел, со посредство на специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог, Мирослав Лајчак.

Средбата траеше речиси шест часа.

Денеска истекуваше рокот од 48 часа, за колку што беше одложен, за почеток на изрекување глоби за возилата што не се пререгистрирани од старите српски на РКС таблички.

Подгревање на тензиите

Речиси две години, спорот за регистарските таблички ги подгрева тензиите меѓу Србија и Косово, кое прогласи независност во 2008 година и на чиј север живее српско малцинство, кое е поддржано од Белград.

Околу 50.000 етнички Срби што живеат таму одбиваат да го признаат авторитетот на Приштина и сè уште се сметаат за дел од Србија.

Белград рече дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

Стотици полицајци, судии, обвинители и други државни службеници од српското малцинство ги напуштија своите работни места претходно овој месец.

Приштина одлучи локалните Срби конечно да ги заменат регистарските таблички издадени од општинските власти на косовските Срби, лојални на Белград, со државни косовски таблички.

Косовскиот премиер Албин Курти го објави одложувањето преку објава на својот Твитер профил рано утрото во вторникот.

„Го прифаќам неговото барање (на американскиот амбасадор) за одложување од 48 часа... Среќен сум што ќе работам со САД и ЕУ за да се најде решение во следните два дена“, напиша тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе