„Понекогаш дури и западните медиуми дејствуваат како резонатори на рускиот дискурс. Лавров оди во Африка и вели дека за сè што се случува се виновни европските санкции – и сите западни медиуми тоа го повторуваат. Јас одам во Африка и го кажувам спротивното, дека санкциите немаат врска со тоа, и никој не ја пренесува таа информација“, кажа Борел.
Тој потсети дека неодамна претседателот на Европскиот совет присуствувал на самит на Африканската унија за да го објасни ставот на Европската Унија.
„Не видов ниеден весник, ниеден западен медиум да го цитира тоа. Постои одредена тенденција да е слуша непријателот, противникот“, констатираше Борел.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров престојува во петдневна посета на Африка до утре, 28 јули.