Шефот на ЕУ дипломатијата

Борел се пожали: Сите медиуми го пренесуваат Лавров, мене ниеден

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел се пожали дека е помалку популарен во западните медиуми од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

EPA-EFE

„Понекогаш дури и западните медиуми дејствуваат како резонатори на рускиот дискурс. Лавров оди во Африка и вели дека за сè што се случува се виновни европските санкции – и сите западни медиуми тоа го повторуваат. Јас одам во Африка и го кажувам спротивното, дека санкциите немаат врска со тоа, и никој не ја пренесува таа информација“, кажа Борел.

Тој потсети дека неодамна претседателот на Европскиот совет присуствувал на самит на Африканската унија за да го објасни ставот на Европската Унија.

„Не видов ниеден весник, ниеден западен медиум да го цитира тоа. Постои одредена тенденција да е слуша непријателот, противникот“, констатираше Борел.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров престојува во петдневна посета на Африка до утре, 28 јули.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе