„Брисел се залага за постепена интеграција на земјите од Западниот Балкан“

Борел: Само Европејците можат да го стабилизираат Балканот

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел кажа дека доколку Европската Унија не го стабилизира Балканот и не го реши прашањето на Белград и Приштина нема да може да се смета за геополитичка сила.

EPA-EFE

Борел во денешното интервју за Фајненшал тајмс, во кое зборува за надворешната политика на Унија, кажа дека Балканот за Брисел претставува причина за загриженост.

„Ако ние не го стабилизираме Балканот ќе биде тешко да се сметаме за геополитичка сила“, кажа Борел.

„Бидејќи никој не може тоа да го направи, само Европејците“, додаде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.

Борел кажа дека Брисел се залага за постепена интеграција на земјите од Западниот Балкан во европскиот блок но дека има бројни несогласувања меѓу Србија и Косово, кое еднострано прогласи независност во 2008, што Белград не го признава.

ЕУ беше домаќин на новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина на високо ниво минатата недела.

Зборувајќи пошироко за ситуацијата во светот, Борел во интервјуто укажа дека соседството на ЕУ е „зафатено со пламен“ и повика на „силен и обединет одговор“ на земјите членки.

„Во последните 10 месеци нашето соседство е зафатено со пламен, од Либија до Белорусија“, кажа Борел за ФТ и додаде дека сѐ „стана многу полошо од што можеше да се очекува“.

„Глобалната ситуација и растечките тензии со кои се соочуваме во соседството бараат силен и обединет одговор од земјите членки“, кажа тој.

Брисел ги отфрли резултатите на белоруските претседателски избори од 9 август на кои според официјалните резултати долгогодишниот претседател Александар Лукашенко освои 80 отсто од гласовите. Тој силно го осуди и насилството кон мирните протести и предупреди дека би можеле да бидат воведени целени санкции.

Борел кажа дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе усвојат рестриктивни мерки против функционерите вклучени во местењето на изборите и насилството кое следеше на 21 септември. Кажа и дека тогаш ќе се разгледува и ситуацијата со Турција.

„Тензиите во источното Средоземје меѓу Грција, Кипар и Турција растат експоненцијално и постои силен ризик од конфронтација која оди подалеку од зборови“, предупреди Борел.

Тензиите почнаа да растат претходно годинава кога Турција почна со истражување на наоѓалишта на нафта и гас во спорни делови на источното Средоземно Море.

Борел кажа дека целта на ЕУ е „повторно да воспостави нормални односи со Турција“, како и стабилност во регионот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе