Шефот на дипломатијата на ЕУ

Борел сака да се сретне со Навални во Москва

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел изрази желба за време на посетата на Москва од 4 до 6 февруари да разговара со затворениот опозиционер Алексеј Навални, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано.

EPA-EFE

„Планот за посета на Москва и понатаму постои, но она што се случува во Русија е неприфатливо, третманот кој се применува кон Навални е исто така неприфатлив и Борел сака за тоа да разговара со руските власти“, кажа Стано.

Портпаролот додаде дека ЕУ е во контакт со тимот на Навални за да се разгледаат можностите за средба со рускиот опозиционер, но засега ништо не може да се потврди.

„Кога се подготвува една посета, не треба да се инсистира туку треба да се постигне договор со тамошните колеги за програмата на посетата“, кажа Стано.

Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, каде со месеци се опоравуваше од наводно труење со нервен агенс. Тој за труењето, кое не е докажано од независен извор, го обвини Кремљ, кој негира каква било вмешаност.

ЕУ во неколку наврати побара ослободување на Навални и демонстрантите уапсени за време на протестите во Русија, во знак на поддршка на критичарот на Кремљ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе