недела, 14 декември 2025

Борел: Русија не сака да преговара, сака да ја изолира Украина од морето

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов Русија не сака да преговара за што било – она што сака е да ја заземе земјата“, кажа Борел во интервју за шпанската телевизија ТВЕ.

„Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Сака сериозно да преговара дури кога ќе обезбеди позиција на сила“, смета Борел.

Ројтерс јави дека Борел и Европската Унија ќе продолжат да ѝ испорачуваат воена помош на украинската војска.

„Тоа е важно бидејќи сè ќе се одлучи во следните 15 дена. Она што ќе влезе во историјата е отпорот на Украинците“, кажа Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ