„Ова значително ќе го намали бројот на нови визи кои ги издаваат државите членки на ЕУ. Издавањето ќе биде потешко и ќе трае подолго“, истакна Борел на крајот на дводневната средба на министрите за надворешни работи во Прага.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно денес кажа дека министрите на ЕУ не можат да се договорат за општа забрана на патничките визи за Русите, како и дека државите членки се поделени по тоа прашање.
Борел истакна дека дошло до значително зголемување на преминувањата на границата од Русија во соседните држави од средината на јули.
Според него, тоа станало безбедносен ризик за тие соседни држави. „Покрај тоа, видовме голем број Руси кои патуваат за разонода и шопинг како да не беснее војна во Украина“, додаде Борел.