Одржан состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Борел: Постигнат е договор за суспензија на визниот режим со Русија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија се договорија целосно да ги суспендираат визните олеснувања за Русија што влезот на граѓаните на таа земја на територијата на Унијата ќе им го направи потежок и поскап, кажа високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жосеп Борел.

EPA-EFE

„Ова значително ќе го намали бројот на нови визи кои ги издаваат државите членки на ЕУ. Издавањето ќе биде потешко и ќе трае подолго“, истакна Борел на крајот на дводневната средба на министрите за надворешни работи во Прага.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно денес кажа дека министрите на ЕУ не можат да се договорат за општа забрана на патничките визи за Русите, како и дека државите членки се поделени по тоа прашање.

Борел истакна дека дошло до значително зголемување на преминувањата на границата од Русија во соседните држави од средината на јули.

Според него, тоа станало безбедносен ризик за тие соседни држави. „Покрај тоа, видовме голем број Руси кои патуваат за разонода и шопинг како да не беснее војна во Украина“, додаде Борел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе