Борел: Нема да се смириме додека Западниот Балкан не биде во ЕУ

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел порача пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека „Европската Унија нема да мирува сè додека земјите од Западниот Балкан не станат дел од Унијата“.

EPA-EFE

„Во таа цел, целосно сме мобилизирани да ги поддржиме помирувањето и реформите како најдобриот противотров за националистичката реторика“, наведе Борел.

Тој во говорот најави дека следната недела во Брисел, во организација на ЕУ, ќе се одржи нов состанок на дијалогот на Белград и Приштина.

Борел пред Советот за безбедност на ОН, на седницата посветена на соработката на ОН и ЕУ, зборуваше за улогата која ЕУ ја дава во одржувањето на глобалниот мир и безбедноста, соработката со Обединетите нации и регионалните организации.

Западниот Балкан го наведе меѓу примерите за „длабоката ангажираност“ на ЕУ, каде се потребни „итни резултати“.

Покрај Западниот Балкан, Борел ги спомна и Белорусија, Украина и Блискиот Исток.

„Пошироко гледано, во Европа не сакаме геостратегиска конкуренција. Сакаме мирно, просперитетно и стабилно соседство, без таканаречени долготрајни конфликти и зони на влијание“, истакна Борел.

Се заложи за оживување на мултилатерализмот заснован на меѓународното право и истакна дека ЕУ останува посветена на соработката и принципите на ОН.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе