Борел: Не сме таму каде што треба да бидеме со Западен Балкан

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека е разочаран што нема напредок во процесот на европска интеграција на Северна Македонија и Албанија и дека е потребно повеќе да се работа за побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Фото: ЕПА

„Не сме таму каде што треба да бидеме со Западен Балкан. Денеска треба да започнеме преговори со Северна Македонија и Албанија и не можам да го сокријам моето разочарување“, рече Борел по пристигнувањето на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел.

Борел рече дека „се уште има надеж“ и дека не знае што може да направи бугарскиот парламент во наредните часови, но и дека „работите не одат добро“.

„Ова уште еднаш покажува дека едногласноста во одлучувањето е голем проблем. Мора да размислуваме како носиме одлуки во ЕУ, бидејќи една земја не може со месеци да го блокира целиот процес“, изјави шефот на европската дипломатија.

Борел рече дека добрата вест е што е постигнат договор за спроведување на енергетските договори во дијалогот меѓу Косово и Србија.

„Тоа е важен чекор напред“, рече Борел, додавајќи дека до крајот на месецот може да се одржи состанок на високо ниво.

Борел посочи дека е потребно повеќе да се работи за подобра и побрза интеграција на народите од Западен Балкан и дека земјите од регионот треба да бидат поканети да учествуваат во дискусиите во ЕУ.

„Мораме да продолжиме да работиме и да го одржуваме пламенот на европската перспектива. Но, денеска не е добар ден“, им рече Борел на новинарите пред состанокот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе