Борел: На Украина ѝ е потребна помош, иако резервите на оружје на ЕУ се значително намалени

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Европската унија во Прага изјави дека ситуацијата во Украина не е подобрена половина година по рускиот напад и дека ЕУ ќе продолжи да ѝ дава помош на Украина, иако резервите на оружје во земјите членки на Унијата се значително намалени.

Фото: ЕПА

„На Украина ѝ е потребна нашата помош и ние ќе ја обезбедиме. Темата за војната во Украина за мене е најважниот дел од средбата. Се надевам дека министрите денеска ќе дадат зелено светло на мисијата за обука“, изјави Борел пред новинарите пред денешниот работен дел од дводневниот неформален состанок на министрите за одбрана.

Европскиот функционер рече дека покрај одлуката за мисијата за обука на украинските војници во земјите-членки, денеска ќе се разгледа и дополнителна испорака на оружје за Украина, иако нагласи дека резервите на оружје во ЕУ се намалуваат.

Обука за украинските војници на своја територија понуди денеска во Прага и Словачка, а нејзиниот министер за одбрана Јарослав Наѓ потсети дека Словачка, како и Чешка, ја понудиле оваа обука уште пред една година.

Таа идеја за мисија за обука е стара. Ја разгледувавме уште пред да започне војната, рече Борел.

„Најважната тема на неформалниот состанок на министрите е руската агресија во Украина. Следна тема е ситуацијата во Африка и другите региони кои Русија се обидува да ги дестабилизира“, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе