Новиот шеф на европската дипломатија

Борел: Голема грешка е што не успеавме да ја спречиме имплозијата на Југославија и југословенските војни

Разбирам што луѓето заклучуваат дека ако Шпанија не го признава Косово, Косовците нема да ме сакаат. Замислете, од друга страна, да доаѓам од земја што го признава Косово?, изјави во големо интервју за хрватски Вечерњи лист новиот шеф на европската дипломатија Жосеп Борел.

„Во тој случај би сметале дека Србите нема да бидат задоволни од мене. Постои одредена асиметрија. Го признавам Косово, некој е незадоволен. Не го признавам Косово, некој друг е незадоволен“, додаде тој.

Иако е Каталонец, Борел е цврст заговорник на шпанското единство и противник е на отцепувањето на Каталонија. За дипломат се изразува невообичаено отворено и директно, што се гледа и во ова интервју.

За својата идна работа има две теми на кои ќе инсистира: проблемот со миграцијата и климатските промени. Во таа смисла истакнува дека Европската Унија мора да биде сѐ повеќе субјект насочен кон светот. „Унијата е формирана за решавање на внатрешните проблеми меѓу Европејците. Тогаш таа беше насочена кон внатре, кон создавање мир и добри односи. Сега, кога можеме да кажеме дека внатрешните проблеми се повеќе-помалку решени, ЕУ мора да преземе поголема улога во светот. Мора да биде актер насочен кон светот“, вели Борел.

Тој нашироко објасни кои се неговите ставови во врска со заедничката надворешна политика на ЕУ, односите со Русија, измените во начинот на одлучување во самата Унија, како и за проблемот со миграциите и климатските промени, забелешката на францускиот претседател дека НАТО доживеал мозочна смрт, но и констатацијата на Ангела Меркел дека ЕУ треба да ја земе судбината во свои раце.до некоја мера.

На прашањето што со западниот Балкан и што ќе се случи по блокадата на Македонија и Албанија во процесот на проширувањето, новиот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност одговори:

„Секогаш како Шпанец сметав дека беше голема грешка што не успеавме да ја спречиме имплозијата на Југославија и југословенските војни, кои се меѓу историски најлошите настани во Европа со над 150.000 убиени. Сепак, не сакаме да ја премотуваме историјата. Во сегашната ситуација земјите од поранешна Југославија би требало да имаат европска перспектива. Не знам колку ќе им треба за тоа. И на Шпанија по смртта на Франко ѝ требаше долго за да стане членка на ЕУ. Но, требаше да се приспособат европските методи и механизми за да бидеме поефективни во рамки на балканскиот проблем, на што ќе работам со своите колеги. Менувањето на методот не значи менување на конечната цел која, за мене, останува иста“.

На прашањето што мисли за преговорите на Косово и Србија, Борел кажа дека прво, кога Косово ќе има влада, ќе го посети Косово, каде што никогаш не бил. „Ќе ја посетам и Србија, каде што сум бил неколку пати, за да разговарам со двете страни за нов пристап во решавањето на проблемите на Балканот, што е за нас еден од приоритетите“, истакна тој.

На констатацијата дека Шпанија не ја признава независноста на Косово, Борел вели дека тоа не е проблем.

„Не дејствувам во тој поглед како шпански министер, бидејќи преземам други должности. Разбирам дека луѓето заклучуваат дека ако мојата земја не го признава Косово, Косовците нема да ме сакаат. Замислете, од друга страна, да доаѓам од земја која го признава Косово. Во тој случај би сметале дека Србите нема да бидат задоволни од мене. Ако го признавам Косово, некој е незадоволен. Ако не го признавам Косово, некој друг е незадоволен“, заклучи Борел.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе