Најдобро е изборите да се повторат

Борел: Европската унија не го признава Лукашенко, подготвуваме санкции

Европската унија не го признава Александар Лукашенко за претседател на Белорусија и подготвува санкции против официјални лица на владејачкиот режим во земјата, изјави во вторникот европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел.

„Веруваме дека изборите на 9 август не беа фер и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на дебатата на пленарната седница на Европскиот парламент во Брисел.

„Во моментов донесуваме санкции за значителен број од одговорните за насилство, репресија и фалсификување на изборните резултати“, додаде тој.

„Овие санкции треба да бидат усвоени пред Европскиот совет на 24 и 25 септември во Брисел, ако сакаме да го зачуваме европскиот кредибилитет“, рече тој.

Одлуката би требало да биде донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник во Брисел.

Европската унија исто така ги разгледува односите со Белорусија со цел „да ги идентификува областите во кои контактите треба да бидат суспендирани или разгледани, оние во кои има интерес да учествува, дури и да ги интензивира и да го поддржи белорускиот народ и граѓанското општество и областите каде што може да обезбеди дополнителна помош доколку дојде до еволуција кон новата демократска Белорусија“, рече Борел.

Борел ја критикуваше постојаната репресија во Белорусија каде „се уапсени повеќе од 7.500 мирни демонстранти, а се евидентирани и документирани 500 случаи на тортура“.

„Ако ситуацијата продолжи да се влошува, ќе бидат разгледани дополнителни санкции“, рече тој и додаде „ги повикуваме белоруските власти да најдат излез од кризата со запирање на насилството и незаконските притворања и со започнување инклузивен национален дијалог“, а ЕУ е подготвена да „ја поддржи секоја веродостојна иницијатива“.

Борел рече дека нови избори под надзор на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) би биле најдобра опција, но исто така истакна дека досега не биле во можност да стапат во контакт со белоруските власти на кое било ниво.

„Решителноста на Лукашенко да остане на власт со очигледно сè поголемата поддршка од Москва сето тоа го отежнува“, заклучи Борел, еден ден по средбата на Лукашенко со рускиот претседател Владимир Путин.

На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник треба да се прецизира и одлуката за можни санкции против Турција во врска со тензиите со Грција околу резервите на природен гас во источниот Медитеран. За тоа сè уште нема консензус.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе