Да се помогне во плаќањето на трошоците за обнова на Украина

Борел: ЕУ да размисли за можноста за запленување на руските девизни резерви

Европската Унија би требало да размисли за можноста за запленување на замрзнатите руски девизни резерви, за да помогне во плаќањето на трошоците за обнова на Украина по војната, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел.

EPA-EFE

Борел во интервју за Фајненшал тајмс кажа дека би било логично ЕУ да го направи истото што го направија Соединетите Американски Држави со имотот на авганистанската централна банка откако талибанците дојдоа на власт, пренесува Ројтерс.

„Ги имаме парите во џеб и некој мора да ми објасни зошто е тоа добро за авганистанските пари а не е добро за руските пари“, кажа Борел.

Вашингтон ги замрзна средствата на Авганистан откако талибанците ја преземаа власта во земјата и планира да ги употреби тие пари за помош на авганистанскиот народ, додека остатокот ќе го задржи за можни тужби против исламистичките милитанти за тероризам, пишува британската агенција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе