Шефот на европската дипломатија

Борел: Договор на Белград и Приштина е итен

Шефот на дипломатијата на Европската Унија кажа дека и Белград и Приштина, покрај постигнатиот „полн напредок во продолжувањето на дијалогот“, мора да направат понатамошни значајни напори.

EPA-EFE

Тоа е потребно за да се дојде до сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите.

„Таквот договор е итен и пресуден за Косово и Србија да можат да напредуваат на својот европски пат“, порача Борел.

Тој одговарајќи на пратеничко прашање за обвинението на Спецјалниот суд за УЧК против Хашим Тачи и сослучувањето на Рамуш Харадинај, односно фактот дека на највисоките функции на Косово се „личности осомничени за воени злосторства или злосторства против човештвото“, порача дека Европската комисија е свесна за обвинението на Специјалното обвинителство против Тачи, кое во моментов чека потврда.

„ЕУ и понатаму силно ја поддржува работата на специјалните комори и специјалното обвинителство. Тие се важна демонстрација на посветеноста на Косово на владеењето на законите, што е клучен елемент на европскиот пат, но и на ангажирањето на ЕУ со Западниот Балкан во целина“, кажа Борел.

На прашањето како присуството на осомничените за воени злосторства во врвот на косовската власт може да придонесе на помирувањето на двете страни, Борел истакна дека ЕУ дава голема важност на надминувањето на наследството од минатото и укинувањето на неказнивоста во регионот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе