Борбите во Идлиб намалени по договорот на Русија и Турција

По руско-турските мировни напори во сирискиот северозападен регион Идлиб, кој граничи со Турција, борбите се намалени, објави Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор утврдија дека „има значително намалување на тензиите во зоната на деескалација во Идлиб“, соопшти Кремљ.

Двајцата лидери се согласија да се обнови прекинот на огнот за Идлиб во разговорите во Москва минатата недела, откако во сирискиот регион беа убиени десетици турски војници, последното упориште на бунтовниците во земјата погодена со војна.

Русија и Турција поддржуваат спротивставени страни во сириската граѓанска војна и во последниве години се обидуваат да спречат директен конфликт меѓу нивните војски.

За време на телефонскиот повик, потврдена е важноста од руската и турската соработка за поддршка на прекинот на огнот, соопшти Кремљ.

Во меѓувреме Анкара и Москва воглавно се согласија за деталите околу прекинот на огнот во Идлиб, рече турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во четвртокот, без дополнително објаснување. „Преговорите со руската воена делегација се во тек. Во голема мера постигнавме договор“, се вели во соопштението на Акар пренесено од новинската агенција Анадолу.

Руската делегација оваа недела пристигна во Анкара. Двете страни разговараат за детали за примирјето со кое се пропишани заеднички воени патроли и за воспоставување безбедносен коридор во Идлиб.

Турските сили ќе останат во Идлиб и ќе одговорат на секое нарушувања на прекинот на огнот, додаде Акар.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе