Борбата за авганистанскиот град Газни беснее и покрај тврдењата на владата дека градот е под целосна контрола

Борбата за источниот авганистански град Газни влезе во третиот ден откако талибанските милитанти и безбедносните сили влегоа во тешки судири во неделата, и покрај тврдењето на Кабул дека градот е цврсто под владина контрола.

Новинар на АФП од терен изјави дека талибанските борци сеуште се распоредени во градот, палат владини канцеларии и контролираат неколку полициски контролни пунктови, додека засилувањата испратени од Кабул полека влегуваат во областа за да се соочат со бунтовниците.

Жителите се кријат во своите домови или се обиделе да избегаат од борбите, како основните потребни работи се сѐ помалку и се скапи според жителите и службениците.

„Ситуацијата е хаотична“, изјави за АФП од Кабул Аманул Камрани, заменик-шеф на провинцискиот совет во Газни.

„Во Газни авганистанските сили имаат контрола само над полициската станица, канцеларијата на гувернерот и неколку одделенија, останатото е под контрола на талибанските борци“, додаде тој.

Жител на Газни, Рахматулах Андар, опиша слични сцени во интервјуто за телевизијата Толоњус, велејќи дека борбите продолжиле да беснеат во големи делови на градот и во околните области.

„Немаме доволно сила за да ги одвратиме талибанските борци. Досега не бевме сведоци на таков голем напад од страна на талибанците“, рече Андар. Мобилните услуги во градот останаа ислучени откако милитантите ја оштетија телекомуникациска кула и уништија неколку медиумски канцеларии во Газни, со што информациите тешко се потврдуваат.

Изјавите на авганистанските и американските официјални лица се целосно спротивни од изјавите на Андар. Изјавите на владините сили тврдат дека цврсто го контролиралаат градот и уверија дека нема опасност Газни да биде одземен од талибанците.

Авганистанската војска соопшти дека операцијата за истерување на талибанските борци е во тек, инсистирајќи на тоа дека тие сеуште имаат контрола над клучните владини канцеларии.

„Талибанците се кријат во куќите и продавниците на луѓето... за да избегнеме цивилни жртви, нашите сили полека се движат“, рече генералниот воен офицер на Авганистан, Шариф Јафтали, на прес-конференцијата во недела.

Газни што се наоѓа на околу два часа оддалеченост од главниот град Кабул со месеци е под зголемена алармантност од налет на талибански борци со извештаи што сугерираат дека бунтовниците се инфилтрирале во градот по волја.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе