Бомбашки напади низ цел Авганистан, најмалку 56 мртви во 24 часа

Најмалку 56 лица се убиени во последните 24 часа во нападите врз три авганистански провинции, вклучувајќи ги и нападите во Кабул, во кој за два од три бомбашки напади одговорноста ја презеде исламската држава, објави новинската агенција Амак.

Во трикратниот бомбашки напад во Кабул загинаа најмалку 15 лица.

„Прво, експлодирала бомба подметната под автобус, а потоа на местото на несреќата се разнел бомбаш-самоубиец, а трета експлозија се случила кога непознати милитанти активирале автомобил-бомба“, рече Насрат Рахими, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Исламската држава ја презеде одговорност за првите два напади. Целта на исламската држава било возило на авганистанската влада.

Талибанците ја презедоа одговорноста за третиот напад со автомобил бомба. Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, изјави дека целта на бомбардирањето бил конвојот на „странските освојувачи“.

Покрај нападите во Кабул, во источната авганистанска провинција Нангархар експлодирала бомба покрај пат, при што загинале девет цивили - шест жени и три деца.

Во исто време, најмалку 35 полицајци се убиени во талибански напад врз авганистански објекти во северната провинција Такхар.

Меѓународната група за кризи неодамна предупреди дека ескалацијата на насилството ги отежнува позициите во мировните преговори.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе