Шри Ланка

Бомбашите-самоубици биле добро образовани и финансиски независни. Меѓу нив и една жена

На Велигден во Шри Ланка девет бомбаши-самоубици се разнесоа. Досега, осум од нив се идентификувани, а меѓу нив имало и брачен пар, објави полицијата.

Си-ен-ен вели дека е потврдено дека меѓу деветте бомбаши била една жена и дека таа била идентификувана. Сите бомбаши се државјани на Шри Ланка.

Досега 60 лица се уапсени, 32 се во притвор. Сите се државјани на Шри Ланка. Бројот на мртви од нападите врз Шри Ланка на Велигден се зголеми. Полицијата во Шри Ланка за Си-ен-ен изјави дека бројот на убиени луѓе се зголеми од 321 на 359. Портпаролот на УНИЦЕФ Кристоф Булиерак изјави дека меѓу убиените се 45 деца.

Ројтерс пренесе дека САД веруваат дека терористите сè уште планираат напади во Шри Ланка.

Еден од бомбашите-самоубијци студирал во Велика Британија, по што бил на постдипломски студии во Австралија и се вратил во Шри Ланка.

Заменик-министерот за одбрана исто така откри дека повеќето бомбаши биле добро образовани и дека припаѓале на средната или вишата средна класа.

„Финансиски биле релативно независни и нивните семејства биле финансиски стабилни“, додаде тој.

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашките напади во Шри Ланка каде на Велигден загинаа најмалку 300 лица, соопшти Амак новинската агенција на таа терористичка организација, без да наведе докази за ова тврдење.

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинг предупреди дека на слобода се сè уште неколку осомничени за терористичките напади. Некои од нив би можеле да поседуваат експлозивни направи, предупреди премиерот пред парламентот.

Претседателот на Шри Ланка Маитрела Сирисена во телевизиското обраќање до нацијата објави дека во рок од 24 часа ќе ги замени шефовите на безбедносните сили откако не успеаа да ги спречат самоубиствените напади и покрај фактот дека располагале со претходни информации за можни напади.

„Целосно ќе ја реконструирам полицијата и безбедносните сили во текот на следните недели. Очекувам разрешување на лидерите на раководството на одбрана во следните 24 часа“, рече Сирисена.

„Безбедносните претставници кои ги имале разузнавачките информации добиени од странски служби не ги споделија со мене. Требало да бидат преземени соодветни постапки. Решив да преземам сериозни мерки против овие лица“, рече претседателот.

Од понеделник вечер во Шри Ланка е воведена вонредна состојба, вклучувајќи и полициски час и специјални овластувања според кои безбедносните сили имаат право да пребаруваат и да уапсуваат поединци.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе