Бомбаш самоубиец повредил најмалку три лица во џамија во Кабул

Бомбаш-самоубиец се разнел себеси во џамијата Вазир Акбар Кан во близина на дипломатска област со висок степен на обезбедување во Кабул, соопштија владини претставници, додавајќи дека во експлозијата се повредени најмалку три лица, пренесе Ројтерс.

Фото: Твитер

Ниту една група не презела одговорност за експлозијата, што се случила во близина на домови и канцеларии кои им припаѓаат на десетици меѓународни организации и амбасади.

Бомбашот самоубиец се разнел себеси во делот од комплексот на џамијата каде верниците се мијат пред да влезат во главниот комплекс да се молат, соопштија Министерството за внатрешни работи и полицијата.

Минатата недела, борци на Исламската држава разнесле приватен автобус во која се возеле вработени во приватна новинска агенција во Кабул. Еден новинар и техничар загинале, а шест лица биле повредени.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе