Бомбардирање во прво лице – Русите објавија снимка од Су-35 во акција (ВИДЕО)

Екипа на телевизискиот канал на руското министерство за одбрана Звезда поставила камери на борбен авион Су-35С и снимила вежба на испуштање бомби.

Камерите не се наоѓале само во пилотската кабина, туку и на крилата, овозможувајќи на тој начин единствени снимки.

Видеото е направено за време на неодамнешни вежби над Вороњешката и Тверската област во централна Русија. Во вежбата учесвувале авиони сухој Су-35С и МиГ-31.

Авионите полетувале со временска разлика од минута и испуштале бомби врз мети кои претставувале непријателски противвоздушни системи и тенковски конвои во движење.

Сите мети биле уништени, пренесува Раша тудеј.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе