Низа обвинувања на поранешниот советник за безбедност

Болтон: Трамп бараше од Си Џинпинг да му помогне повторно да победи

Во низата бомбастични обвинувања, поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, изјави дека Трамп побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да му помогне повторно да победи на изборите на средба зад затворени врати во 2019 година.

EPA-EFE

Болтон, кого Трамп го смени во септември минатата година по 17 месеци во Белата куќа, го обвинува американскиот претседател дека сакал да ги сопре истрагите за да „направи лична услуга на диктаторите кои му се допаѓаат“, пишува во објавените делови од книгата на Болтон во Њујорк тајмс.

Белата куќа засега не ги коментираше овие тврдења.

Обвинувањата се дел од книгата чие печатење американската влада се обидува да го спречи со тужба, тврдејќи дека содржи доверливи податоци и дека ќе ѝ наштети на националната безбедност.

Делови од книгата „Собата во која сѐ се случи: Мемоари од белата куќа“ се објавени во Волстрит џурнал, Њујорк тајмс и Вашингтон пост.

Целата книга треба да биде објавена на 23 јуни.

Болтоновите тврдења им даваат дополнителен материјал на критичарите на Трамп пред претседателските избори на 3 ноември, вклучувајќи белешки од затворените состаноци на Трамп и Си.

„Трамп тогаш, што е неверојатно, го сврте разговорот на темата на претстојните американски претседателски избори и алудирајќи на економската моќ на Кина го молеше Си да му помогне да победи“, пишува Болтон.

„Истакна дека за исходот на изборите се важни земјоделците и тоа Кина да купи што повеќе соја и пченица“, додава тој.

Болтон тврди и дека Трамп кажал дека напад врз Венецуела би бил „кул“ и дека таа земја „всушност е дел од САД“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе